
Градба Јасен од Прилеп беше и сеуште е една од позначајните фирми за градба на објекти за домување и работење.
Ние веруваме дека домот не е само место на живеење, туку и уметност на живеењето, пред се. Затоа, првичната идеја на нашите станови е да го креираат вашиот дом како ваша уметност на живеењето.

“ Умеењето да се ужива во животот и да се радува на домот и малите нешта во него е смислата на животот. ”
Следејќи ги потребите и побарувачката на пазарот за недвижности во 2014 година започнавме со надградба на ексклузивни станови во строгиот центар на градот.
Објектот се наоѓа на улица Димо Наредникот бр. 63-2, веднаш до хотел Липа, наспроти судската зграда, односно до полициската станица.
Во близина се наоѓаат две основни училишта, и тоа Основно училиште Кочо Рацин и Основно училиште Климент Охридски, како и детска градинка.
Станбениот објект е лоциран во централното градско подрачје. Интегриран во урбана средина со мешовита намена, вклопен во градски тип на опкружување - улици, трговија, општествени објекти.
Проектиран од стручен тим на архитекти и градежни инженери, соработници на Градба Јасен.






Со секој купен стан добивате бесплатни совети од познати дизајнери за ентериерно уредување на вашиот нов дом.

Повеќе информации и цена на: